| English
 
 
 Почетна
 Како функционираме
 Софтверски решенија
 Мобилни решенија
 Веб сајтови
 Преведувачки услуги
 Контакт
 
 
Изработка на Веб сајтови:
Веб сајтот е динамично маркетинг и комуникативно средсто кое Ве претстававува Вас и работата на Вашата фирма.
Со негова помош не само што ги презентирате Вашите услуги / производи во Македонија и во светот туку и воспоставувате комуникација со компании и лица низ цел свет.

Веб сајтот ви овозожува:
  • Брзо и едноставно доаѓање до бараната информација
  • 24h on-line реклама
  • Можност за проширување на Вашиот бизнис
  • Поголем број на клиенти
  • Презентирање на новостите во Вашето работење
  • Постојано обновување на податоците на сајтот
  • Зголемен профит

 повеќе >>


Последни веб проекти:
Прв моден веб директориум во Македонија
Претставува база на податоци на модните брендови застапени во Македонија во вид на членови и соработници.
Истотака располага и со голем број на информации во вид на модни статии и видео записи од модниот свет во Македонија и пошироко...

www.myfashion.mk

 
Mобилно решение за угостителски објекти

Современите времиња бараат современ и брз начин на услуга и во угостителските објекти. Персоналот е најзначајниот дел од угостителската услуга, но потпомогнат од современите мобилни уреди и соодветен софтвер му се овозможува побрзо и попрофитабилно работење.

Со одлична комуникација помеѓу келнерите, гостите, шанкот/шанковите и кујната овозможена со користење на најсовремениот рачен комјутер – Pocket PC систем за угостителство, секој сегмент од оваа комуникација ќе биде задоволен, ќе се оствари побрза услуга, се услужуваат повеќе гости за помалку време, а тоа автоматски значи и поголем профит.




Mобилно решение наменето за дистрибутерско работење

Дистрибутерството е оној сегмент од трговското работење кај кој најмногу се чувствува потребата од примена на најразновиден вид на технологија, особено користењето на мобилните уреди за брза обработка на податоци.
При користењето на мобилни уреди како што е Pocket PC времето потребно за услужување и обработка на податоци драстично се намалува, со што се подобрува услугата, се избегнува рачното пополнување на огромен број на формулари и друг вид на документи, а со тоа се избегнуваат и големиот број на грешки кои можат да настанат при ваквиот вид на работа.
На ваков начин дистрибутерот опремен со рачен компјутер и мобилен печатач е во голема преднос во однос на конвенционалниот дистрибутер на роба и тоа поради брза,прецизна и флексибилна услуга.



Интернет решение за основни и средни училишта

Ова веб базирано решение овозможува внесување на оценки, забелешки за наставата и присутноста на учениците од страна на професорите и нивен преглед преку интернет од страна на родителите.
Web апликацијата се состои од три кориснички модула со соодветен дизајн :
  • Модул за администраторот
  • Модул за професорите
  • Модул за родителите/учениците.
Неговата примена не само што ја олеснува работата на училиштето и професорите туку и ја подобрува комуникацијата и информираноста на релација професор-ученик-родител.