|
| |
| E-Office во Прима Каза: |
Агенција за недвижности ПримаКаза е регистрирана за посредување во областа на купување,продажба и изнајмување на станови , куќи и деловен простор на територијата на Скопје.
Поради големиот број на објекти со кои располага агенцијата потребено е воведување на софтверско решение за внесување , ажурирање и пребарување на објектите.
|
|
| E-Office: |
|
E-Office e канцелариско софтверско решение неопходно за секојдневно работење во една фирма,со што се подобрува организираноста и контролата на работните процеси. Решението овозможува : |
|
|
- Креирање , ажурирање и бришење на досиeја за клиентите
- Брзо и едноставно пребарување на бараните податоци
- Намалување на времето потребно за услужување на клиентите, а со тоа и зголемување на бројот на услужени клиенти
- Водење на евиденција за работата на фирмата
- Мрежен пристап до информациите за клиентите
- Елиминирање на грешките при работењето
- Брзо и навремено извршување на секојдневните задачи
- Добивање на дневни,неделни и месечни извештаи за извршените услуги и промет
- Останати функции во зависност од потребите на клиентот
|
E-Office софтверското решение може да се применува за персонална и мрежна употреба во:
агенции за недвижности , туристички агенции , агенции за вработување , рент а кар агенции и во многу други области по потреба на клиентот
Функционирање на E-Office во некои области :
Се прават потребните промени на E-Office со цел прилагодување на програмата според барањата на клиентот.
E-Office за агенции за недвижности
Софтверско решение E-Office применето во агенциите за недвижности овозможува драстично скратување на времето за пребарување на саканиот објект.
Најчесто се состои од 2 модула(или повеќе): модул кој се однесува на внесување,ажурирање и бришење на објекти и модул за пребарување.
При внесување на нов објект истиот се внесува според шифра,вид на објект,останати податоци за објектот како и личните податоци на сопственикот на објектот. E-Office нуди различни видови на пребарување во зависност од потребите на клиентот : пребарување според шифра на објектот,пребарување според некои од личните податои на сопственикот на објектот,пребарување според повеќе параметри(населба,квадратура,цена и сл.)и сл.
Предности на E-Office :
E-Office драстичо го намалува времето на пребарување затоа што го заменува рачното пребарување со добро организирано компјутерско пребарување.Агентот со пополнување на некои од параметрите во пребарувањето за многу кратко време го пронаоѓа објектот според потребите на клиентот. Излистаниот извештај може да му се достави на клиентот лично,по e-mail и по факс.
E-Office за туристички агенции
Ова решение овозможува организирано и ефикасно работење,внесување и брзо пребарување на понудите за туристички патувања: аранжмани, апартмани и хотели со можност за резервација и водење на архива за веќе закажаните аранжмани .Архивата може да се пребарува според вид на арнжман,датум,клиент и сл.
Во решението е вклучена и можноста за преглед на слободни термини,комплетна евиденција за резервација и издавање на авиокарти или друг вид на превоз. За комплетен извештај на дневниот,неделниот или месечниот промет на агенцијата/агентот е вклучен и соодветен модул за оваа намена.Останатите модули се дефинираат според барањата на клиентот.
E-Office за агенции за вработување
Кај агенциите за вработување, E-Office опфаќа неколку модули меѓу кои: модул за работобаратели ,модул за работодавачи и модул за пребарување.
Модулите за работобарател и за работодавач овозможуваат внесување ,ажурирање и бришење на CV за работобарателот/работодавачот , забелешка, вид на дејност , активен/пасивен оглас и други параметри по потреба на агенцијата.
Модулот за пребарување овозможува пребарување по име/презиме или фирма,дејност,вид на оглас,датум од/до,автоматско спојување на огласите со соодветните работобаратели и сл. Со ова решение се врши и архивирање и преглед на активностите на агенцијата(пр.веќе вработени,пасивни огласи и сл.).Останатите модули се дефинираат според барањата на клиентот.
E-Office за агенции за лични контакти
Со соодветни измени на E-Office решението може да се прилагоди за агенции за лични контакти.Конкретните модули се прилагодуваат според потребите на агенцијата за лични контакти.
|
|
|
| |
|