|
| |
| Medicus во Константин: |
Центарот за енерготерапија и рехабилитација “Константин” , делува на полето на кинезитерапијата , рехабилитацијата, енергетската медицина како и физиотерапијата.
Центарот располага со околу 6 простории во кои се вршат разновидни третмани на пациентите од видот на: енерготерапија,магнетни терапии,ултразвук,разни видови на масажи,електричен кревет,кади за хидромасажи и др.
Сето ова бара современо софтверско решение кое ќе овозможи: креирање на досиеја на пациентите , компјутерска евиденција на третманите , систем за закажување на третманите,комуникација на сите вработени лица за следењето на текот на третманите и сл.
|
|
| Medicus: |
|

|
Medicus е софтверско мрежно решение наменето за секојдневно медицинско работење кое овозможува:
- Креирање на досиeја на пациентите
- Систем за закажување на третмани/прегледи
- Водење евиденција на досиeјата на пациентите
- Компјутерска евиденција на третманите/прегледите
- Пребарување на потребните извештаи и информации за пациентите
- Комуникација на сите вработени лица за следењето на текот на третманите
- Mожност за следење на работата на вработените
- Останати функции во зависност од потребите на клиентот
|
Medicus е софтверско решение кое може да се примени за персонална и мрежна употреба во: поликлиники,приватни ординации, центри за алтернативна медицина, центри за убавина и сл.
Доколку се применува мрежно, секоја просторија треба да располага со компјутер или лаптоп преку кој вработените имаат пристап до Medicus кој е инсталиран на главниот комјутер.
Краток опис на софтверското решение:
На Medicus се прават потребните промени со цел прилагодување на програмата според барањата на клиентот за секојдневна употреба.
Во просторијата(чекалната) каде се врши закажување на третманите се воведува систем за водење евиденција околу закажување ,презакажување и бришење на третманите/прегледите.
При првото закажување на третманот/прегледот лично или преку телефон од страна на пациентот, се креира и досие со неколку потребни информации за пациентот,кои се допoлнуваат со неговото следно доаѓање.
Во текот на еден ден пациентите можат да посетат повеќе третмани/прегледи.
Пред третманот/прегледот секратарката компјутерски го пребарува досието на пациентот ги пополнува соодветните информации за третманот и комуницира до соодветната просторија дека пациентот стигнал.
Останатите простории каде се вршат третманите/прегледите се во постојана меѓусебна комуникација за следење на третманите/прегледите како и комуникација со чекалната до која праќаат информации за редот на пациентите и сумата која треба да ја платат за извршениот третман.
Кога пациентот ќе пристигне во соодветната просторија,вработениот го пребарува неговото досие, поделено на неколку модули во зависност од потребите на клиентот кои ги соджат сите информации од претходните третмани/прегледи. Зависно од третманот/прегледот кој се извршува, вработениот ги прави соодветните измени во досието на пациентот.
Доколку е потребен друг третман/преглед пациентот се упатува кон друга просторија каде се повторува постапката.
На крајот од работното време на институцијата со помош на соодветната опција на Medicus се добива извештај за бројот на пациенти/клиенти третирани во текот на денот со листање на нивните податоци,третмани и извештај за дневниот промет. Сите податоци автоматски се зачувуваат во архива.
|
|
|