|
Агенција за недвижности Прима Каза е регистрирана за посредување во областа на купување,продажба и изнајмување на станови , куќи и деловен простор на територијата на Скопје.Прима Каза располага со многуброен тим кој врши канцелариска и теренска работа.
Поради големиот број на објекти со кои располага агенцијата беше потребено воведување на софтверско решение за внесување , ажурирање и пребарување на објектите.
Предходна
ситуација
Агенцијата не располагаше со соодветен систем кој одговара на секојдневната работа,при што се соочуваше со следниве проблеми :
- Водењето на евиденција за објектите кои се продаваат и издаваат се вршеше рачно и неавтоматизирано
- Не постоеше компјутерска комуникација помеѓу вработените за побрзо пронаоѓање на потребниот објект
- Некомпјутеризираното пребарување на објектите/клиентите одземаше многу време
- Не постоеше софтверски систем од кој ќе може да се извлечат потребните извештаи за дневната работа и профит
- Неможност за контролирање на работата на вработените
Имплементирано решение
За поуспешно и побрзо работење на агенцијата и скратување на времето потребно за пребарување на потребниот објект беше инсталирано софтверското решение E-Office. Ова решение овозможува компјутеризирано внесување,ажурирање и бришење на објектите.
Има повеќе видови на формулари за внесување на објектите во зависност од видот и намената.За попрегледнa работа на агенцијата се воведени неколку видови на модули за пребарување според соодветни параметри.Некои од начините на пребарување се : пребарување според шифра на објектот,според некои лични податоци на сопственикот на објектот,според вид и намена на објектот и некои други параметри.
Излистаниот извештај ги содржи сите информации за бараниот објект и може да му се достави на клиентот лично,по e-mail или по факс.
|