Продукти и решенија

Мобилно решение за угостителски објекти

Софтверско решение наменето за одлична комуникација помеѓу келнерите, гостите, шанкот/шанковите и кујната во еден угостителски објект, овозможена со користење на рачен компјутер од типот Pocket PC или Tablet PC за бежично правење на порачки.

Секој сегмент од оваа комуникација овозможува побрзо и попрофитабилно работење со што се остварува побрза и поквалитетна услуга, намалување на грешките и злоупотреба на работната позиција, запазување на безбедноста на храната , прецизни извештаи за набавки трошоци и сл.

Апликативен софтвер за распределба на буџет и човечки ресурси

Основна примена има во корпорации кои работат на повеќе проекти истовремено и невладини организации кои соработуваат со повеќе институции или останати НВО за еден ист пообемен проект.

Овозможува работа со повеќе модули со различни кориснички привилегии за креирање и следење на распределба на буџет, управување со трошоци, водење евиденција на банкарски трансфери,промена на валути,распределба на трошоци за одредени цели и периоди и сл.

Информациски систем за креирање и евиденција на Каско полиси и АО+ за осигурителни компании


Овозможува работа на сите корисници(агенти и менаџери) во една осигурителна компанија во областа на креирање и евиденција на каско полиси и автоодговорност плус осигурување.

Апликацијата со главната база е имплементирана на сервер до кој преку интернет пристапуваат сите корисници од филијалите на осигурителната компанија.

Интернет апликација за евиденција на осигурителни полиси наменета за филијали


Овозможува работа на агентите и менаџерите во една осигурителна филијала во областа на евиденција на полиси од сите видови на осигурувања.

Апликацијата овозможува внесување на основни податоци за осигурениците, основни параметри за полисата(бр на полиса, скаденца, начин на плаќање и сл) врз основа на кои му се генерираат разни статистички и финансиски извештаи со начин на плаќање.

Веб базирано софтверско решеније за медицинско работење


Софтверско мрежно решение наменето за медицинско работење кое овозможува: водење евиденција на досието на пациентот , компјутерска евиденција на третманите/прегледите , систем за закажување на третманите/прегледите ,комуникација на сите вработени лица за следењето на текот на третманите сл.

Mоже да се примени за персонална и мрежна употреба во: приватни ординации, центри за алтернативна медицина, центри за убавина и сл.

Интерактивен портал (социјална мрежа) за слаткарска индустрија во Македонија – tortijada.mk


Претставува база на податоци на слаткарската индустрија во Македонија во вид на профили,фотографии, видео материјали и рецепти, совети за готвење, украсување на торти и колачи.

Интерактивна поврзаност со друштвени социјални мрежи (Facebook, Twiter) и комуникација меѓу членовите на порталот преку имплементиран чет ,коментирање, оценување , воведување на наградни игри, гласање и сл.

Софтверско веб решение за спортски натпревари

Овозможува преглед по лиги и спортови на спортски натпревари, креирање на тикети, преглед и следење на тикет.
Опфаќа 3 модули со различни пристапи: администраторски,операторски и јавен модул, сите со различни привилегии и функции зависно од потребите.
Претставува забавна веб платформа за воведување на наградни игри преку СМС и клуб картички за кладилници.