| SmartSoft: |
| SmartSoft претставува софистицирана, автоматизирана верзија на Medicus базирана на систем на картички наменета за медицинско работење: |
|
- Секој пациент има своја електронска картичка за идентификација на неговото досие
- Автоматски систем за закажување на третмани / прегледи
- Прикажување на ред на чекање на пациентите на екран
- Компјутерска евиденција на третманите/прегледите
- Автоматско пребарување на потребните извештаи и информации за пациентите
- Останати функции во зависност од потребите на клиентот
|
Како мрежно софтверско решение базирано на систем на картички, SmartSoft може да се примени во: поликлиники,приватни ординации, центри за алтернативна медицина, центри за убавина и сл.
Секоја просторија се опремува со компјутер или лаптоп поврзан со читач на картички, преку кој вработените имаат пристап до SmartSoft кој е инсталиран на серверот.
Краток опис на софтверското решение:
Во секоја просторија се користи соодветен модул од SmartSoft наменет за третманите/прегледите што се вршат во таа просторија
.
Чекалната освен модулот за закажување, презакажување и бришење на третман/преглед располага и со голем екран на кој се прикажува моменталниот распоред на ред на чекање на пациентите со нивните третмани/прегледи.
При првото доаѓање на пациентот во институцијата, се креира негово досие и добива електронска картичка како негов личен документ која понатаму ќе ја користи при сите следни третмани/прегледи во институцијата.
Оваа картичка служи за идентификација на пациентот на системот со што се овозможува пристап до неговото досие како и до неговите третмани/прегледи.
Идентификацијата на пациентот (а со што и автоматски преглед на неговото досие) се врши со бесконтактно доближување на картичката до читачот на картички од страна на вработеното лице.
Зависно од третманот/прегледот кој треба да му се изврши на пациентот, автоматски се отвара последниот соодветен третман како и архива на претходно извршените третмани/прегледи. По извршениот третман вработениот ги прави соодветните измени во досието на пациентот и му ја враќа картичката.
Додека пациентот е во соодветната просторија, во чекалната на екранот се испишува неговото име и презиме,видот на третманот,времетраењето и просторијата, со што се овозможува добро организиран редослед на чекање на останатите пациенти во чекалната.
Доколку е потребен друг вид на третман пациентот се враќа во чекалната и го следи на екран моменталниот редослед на неговиот следен третман.
По завршувањето на дневните третмани/прегледи пациентот се упатува кон просторијата за повторно закажување на третмани/прегледи.
Со помош на идентификација на картичката според претходно внесените параметри, на вработениот автоматски му се отвара листа на слободни термини за закажување во определен опсег, во кој пациентот го одбира соодветниот датум.Исто така автоматски се испишува и вкупната цена на третманите кои му биле извршени.
|
| Предности на SmartSoft: |
- Комјутеризиран и автоматизиран начин на работа
- Замена на класичното пребарување со автоматизирано со што драстично се намалува времето на пристап до информациите за пациентот
- Редоследот на третирање на пациентите е компјутеризиран и се прикажува на екран
- Класичното водење на документацијата се заменува со електронско со што не само што се намалува времето за нејзино водење туку и се избегнува можноста од губење на податоците.
|
Доколку сте заинтересирани за воведување на ваков систем контактирајте нè >>
|
|