|
| |
Интернет решенија за основни и средни училишта: |
Ова веб ориентирано решение овозможува преглед на оценките на учениците, забелешките за наставата и нивното поведение преку интернет од страна на родителите.
Секој родител добива посебно корисничко име и лозинка со кои се најавува на системот и може да го разгледа досието само на ученикот чиј старател е.
Ова решение нуди и опција за симнување на дополнителни материјали и информации по одредени предмети како и форум на кој учениците можат да разменуваат материјали и информации по предметите кои ги изучуваат.
|
| | |
| Последни проекти : |
Агенција за недвижности Прима Каза
Туристичка агенција Камелија травел
|
| |
|
|
| Веб дизајн: |
| |
 |
Инспирирани од основното мото дека веб сајтот не е слика на која треба да и се восхитува туку маркетинг и комуникациско средство изработуваме функционални и добро организирани сајтови со кои се пренесува јасна и моментална информација до посетителот на веб сајтот.
Резултат : брзо и едноставно доаѓање до бараната информација.
Сепак мораме да нагласиме дека тоа не значи занемарување на дизајнот и изработка на непрофесионален и монотон дизајн туку дизајн кој се изработува според желбите, потребите и целите на клиентот.
|
| |
| |
| Динамичност на сајтот: |
| |
 |
Секоја реклама доколку не се обновува и доусовршува со текот на времето застарува,станува досадна и ја губи својата цел.
Веб сајтот како маркетинг и комуникативно средство има за цел постојано да ги информира посетителите за Вас,работата на Вашата компанија, новостите,најновите производи и услуги кои ги нудите.
Само со постојано презентирање на новости Вие ќе успеете да ги задржите постоечките и секако да се стекнете со нови идни клиенти.Затоа на Вас ви е потребен динамичен веб сајт. Во склоп на Вашиот веб сајт Digital Solutions нуди и изработка на посебен административен дел со кој сами(секојдневно или повремено)можете да ги обновувате содржините на сајтот. |
| |
| |
| Редизајн и ребрендирање на веб сајт: |
| |
 |
Со порастот на Вашиот бизнис и воведување на новости во работењето,можете да дојдете до момент кога веќепостоечкиот веб сајт повеќе не ги задоволува Вашите потреби околу неговиот изгледот и функционалност. Тогаш на Вашиот сајт е потребно обновување на изгледот или редизајн.Digital Solution може да изврши редизајн на веќепостоечкиот сајт со цел да бидете во чекор со Вашиот бизнис.
Ребрендирање на веб сајт претставува изработка на веб сајт на странска фирма или бренд кој отвара свое претставништво во Македонија.Покрај останатите решенија Digital Solutions нуди и ребрендирање на сајт кој се изработува според строго определени критериуми и правила наложени од страна на брендот/фирмата. |
|
|